Анџелина Џоли и Бред Пит го продадоа својот дом во Њу Орлеанс за скоро 5 милиони долари

од desk3
98 прегледи

Американските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, кои се во процес на развод, го продадоа трикатниот дом во градот Њу Орлеанс во државата Луизијана за 4,9 милиони долари, соопштија американските медиуми, цитирана од светските агенции.

2111211306

Според агенцијата недвижноста била реализирана по добра цена, а од договорот се задоволни и двете страни.

Домот е изграден во 30-тите години на XIX век и во него има пет спални, три тоалети и две купатила.

Пит и Џоли станаа сопственици на зградата во 2007 година, кога ја купија за 3,5 милиони долари. Двојката основа добротворен фонд за реконструкција на регионите на Њу Орлеанс погодени од ураганот Катрина во 2005 година.

Откако поднесе барање за развод, актерката, заедно со своите деца, се пресели од семејниот дом во Холивуд во Малибу.