Анџелина Џоли и Бред Пит уловени во жестока расправија

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Разведените сопрузи Анџелина Џоли и Бред Пит беа откриени од папараците како држат вжештен разговор во една зграда во Лос Анџелес.

Двете холивудски ѕвезди се уште не можат да се согласат за старателството на нивните 6 деца, и сé уште се далеку од решавање на нивниот развод, иако официјално се разделија пред две години.

Според најновите гласини во светот на шоу бизнисот, Пит почнал да излегува со друга убавица и мега ѕвезда, со 43-годишната Шарлиз Терон. Покрај тоа, таа беше сосед во Лос Фелис, Калифорнија, каде што нивните домови беа блиску еден до друг, пишува сајтот x17agency.

Се чини дека Анџелина не е среќна поради фактот што Бред излегува со колега кој е конкурент за нејзината улога во филмските проекти.

Фото: x17agency.com