Анџелина Џоли и нејзините деца започнале да посетуваат психијатар

од desk2
140 прегледи

Целото нивно семејство се опоравува откако излезе шокантната вест за разделбата на Анџелина Џоли и Бред Пит. Па сега списанието “People” изјавува дека 41-годишната актерка и 6-те деца на двојката, започнале да посетуваат терапија како начин за да се справат со деструктивниот развод.38ef362f00000578-3823439-image-a-1_1475674485722

Близок извор на Анџелина пренесува дека таа е “силна” заради доброто на децата, но целата ситуација е трауматична.

Анџелина ги пресели децата во изнајмен дом во Малибу. Тие таму го поминуваат нивното време гледајќи филмови или си играат покрај базенот.

Откако преговарањата за бракот станаа се пожестоки, Анџелина стремеше кон тоа да ги одржи работите во нормала колку што е можно повеќе за нејзините деца(15-годишниот Медокс, 12-годишниот Пакс, 11-годишната Захара, 10-годишната Шајло и 8-годишните близнаци Вивиен и Нокс).38f72ee900000578-3823439-angelina_jolie_s_shock_split_from_brad_pitt_two_weeks_ago_has_le-m-3_1475674633298

Само Анџелина и нејзиниот брат Џејмс Хејвен или одредена група на пријатели имаа пристап.

“Тие не ја напуштија изнајмената куќа со денови. Беше тешко за сите нив. Тие се навикнати на повеќе активности и повеќе забава, па тешко им е да седат затворени во куќата. Помалите деца не разбираат што се случува.” извор, близок до семејството, изјавува за “People”.angelina-jolie-kids-shopping-2

Како што пренесуваат изворите, ни Бред не се чувствува добро, се уште е скршен и често плаче. Не може да верува во што му се претворил животот преку ноќ.