Анџелина Џоли се прошета со децата во Њујорк

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Aнџелина Џоли беше забележана како се насладува на попладневна прошетка во Њујорк со две од шесте деца – синовите Пакс и Нокс, пренесе “Дејли мејл”.

43-годишната филмска ѕвезда беше избрала лежерна комбинација во црно додека ужива на релативно топлото време во Менхетен.

Претходно во текот на денот актерката беше на турнеја во галерии и музеи во Големото јаболко со ќерките Шајло и Захара. Трите беа  заедно видени во галеријата “Скарстед”, во која се изложува современа уметност. Потоа децата се навратија во неколку продавници за играчки, од кои си заминаа со неколку полни со вреќи подароци.

Фотографиите од нивните прошетли погледнете ги во галеријата.