Анџелина Џоли во трка за претседател на САД

од desk2
149 прегледи

Холивудската актерка Анџелина Џоли навести дека размислува да се занимава со политика.

Во интервју за ББЦ актерката Анџелина Џоли, која е специјален пратеник на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации води активни кампањи одговараше на низа чувствителни прашања како мигранти и сексуално насилство.

На прашањето дали еден ден би се кандидирала за претседател на САД , таа одговори:,, Да ме прашавте пред 20 години , ќе се насмеев. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна , не знам дали сум способна за политика …но тогаш се пошегував и дека не знам дали имам костур во плакарот.”

,, Во можност сум да работам со влади , а исто така и со војски , така што сум на многу интересна позиција и можам многу да направам”, изјави актерката. вели дека за сега ќе остане тивка.

На сугестијата дека би можела да се најде на листата меѓу 30 или 40 кандидати на Демократите за претседател на САД , таа не негираше , туку се заблагодари.