Анџелина Џоли за разводот со Бред: „Бев повредена“

од desk2
182 прегледи

Анџелина Џоли и Бред Пит беа еден од оние љубовни двојки за кои сите знаеја, но и кои предизвикуваат интерес каде и да се појават.

Се запознаа во 2004-та година на снимањето на заедничкиот филм „Г-дин и г-ѓа Смит“, а во брачните води запловија десет години подоцна. Но, после само две години на нивната љубов ѝ дојде крај.

Разводот беше многу турбулентен, а прашањето за старателство над нивните шест деца често беше тема во медиумите. Сепак, поранешните сопружници наводно летово успеаја да се договорат, па Бред доби прилика да ги помине празниците со децата. Бред дотогаш децата ги гледаше само под строг надзор од Анџелина.

Инаку, ова за неа е трет развод, а сега за сè проговори во разговор за францускиот магазин „Madame Figaro“. Како што истакнала, поради љубовниот бродолом се изгубила самата себе.

„Беше комплицирано, не се препознавам себеси повеќе, а станувам сè помала, по неважна, иако тоа не го покажував“, признала таа.

Раскажала дека била “длабоко, вистински тажна и повредена“.

„Од друга страна, беше интересно чувството на безначајност“, се потсетила 44-годишната актерка.