Анџелина Џоли често беше гледана на улиците на Париз оваа зима, но причината не беше одмор или шопинг, туку работа на нејзиниот нов филм „Couture“, кој веќе се опишува како еден од најочекуваните оваа година. По враќањето на големото платно во филмот „Maria“, Џоли сега подготвува проект што многумина го сметаат за нејзин нов голем пресврт.
Филмот е режиран од наградуваната Алис Винокур, а интересно е што се снима на англиски и француски јазик.
Заплетот се одвива за време на Неделата на модата во Париз, каде што Џоли ја игра Максин, режисерка во четириесеттите години која се справува со дијагноза на рак на дојка, но и со ненадејна средба со поранешен соработник, кој го игра Луј Гарел, француски актер кого го запознавме и во филмот „Мали жени“.
Покрај Максин, важни се и две други хероини: Ада, млад модел од Јужен Судан која сака да избега од наметнатата судбина, и Анжел, француска шминкерка која се бори за своето место зад сцената на модната сцена. Нивните приказни се беспрекорно испреплетени, покажувајќи како солидарноста меѓу жените се јавува во различни форми – без разлика дали доаѓа од пистата, од филмскиот сет или од секојдневниот живот.
За дополнително да ја зачини приказната – партнер на филмот е „Chanel“, па затоа е јасно дека можеме да очекуваме спектакуларни визуелни моменти, модни детали, но и незаборавни париски сцени.