Андонов: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски

од desk2
151 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски, татко на кандидатот за градоначалник од СДС за Кисела Вода, Филип Темелковски, поради основано сомнение дека именуваниот преку закана со отказ на вработени во јавната и државната администрација од населбата Драчево постапил спротивно на член 160 став 1 од КЗ на Република Македонија.

„Како логистичка и фактичка поддршка на стореното кривично дело, Зоре Темелковски како што самиот вели веќе направил селекција на над 1.100 вработени кои доколку не гласаат за СДС може да останат без работа“, рече Оливер Андонов на денешната прес конференција.

Како доказ ја приложи аудио снимката, а која се рашири низ социјалните мрежи и низ медиумите во државата, но како што рече не реагирале ниту Јавното обвинителство ниту МВР за да постапат по службена должност.

Поради ова ситуација ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против именуваниот и ќе ги заштити граѓаните од самоволието на СДС, најави Андонов.