Андов: Граѓните сакаа своја држава

од Берта Китинска
318 прегледи

Денеска претседателот Стево Пендаровски со орден „8 Септември” ги одликува првиот претседател на Собранието  Стојан Андов и пратеници од мандатот 1990 до 1994.

-Одлично беше затоа што сепак народот да се изјасни. Ние ја немаме таа сила, нас не избрале како пратеници ама за обичните работи, нормалните работи во Собранието. Не не избрале да донесеме таква државна одлука без да го прашаме народот.Граѓните сакаа своја држава, кажа Андов на средбата со Пендаровски, каде му беше врачен орденот „8 Септември” .

Шефот на државата во своето обраќање напомена дека сите грешки и пропусти што се нормални за секоја млада демократија, не можат да го намалат значењето на на оваа генерација политичари и пратеници.

-Затоа, овој голем јубилеј со кој денес се гордееме сите, посебно ви припаѓа вам и на вашите колеги од собраниските клупи кои повеќе не се меѓу нас. Многу повеќе од многумина други, вие сте заслужни за тоа што имаме независна држава. Денес сме тука собрани, во името на сите македонски граѓани, да ја изразиме нашата искрена и длабока благодарност и почит кон вас, рече шефот на државата.

Тој истакна дека освен со Орденот „8 Септември” нашата благодарност кон првиот пратенички состав може да се искаже и со еден многу посуштествен начин.

– А тоа е ако го следиме вашиот пример и преку политичко и граѓанско помирување, одново постигнеме единство околу најважните прашања за иднината на Република Северна Македонија, кажа Пендаровски.

Слични содржини