Андов: Заев сакаше да му помогне на Борисов, но се виде дека не вреди да се „коле вол за килограм месо“

од Vladimir Zorba
508 прегледи

Нашиот премиер Зоран Заев честопати даваше разни изјави во овој краток период. Преовладуваа коректни ставови. Мојот впечаток е дека она што го рече Заев, а вие спомнавте дел од него, е неговиот обид да му помогне на бугарскиот премиер Бојко Борисов да победи на изборите на 28 март. Сепак, веќе се покажа дека не вреди да се „коле вол за килограм месо“ и Заев со таа изјава предизвика голем отпор и отфрлање во македонската јавност, вели во интервју за „Данас“ поранешниот собраниски спикер Стојан Андов.

Се создава впечаток, според него, дека дури и во македонската влада има членови, влијателни во земјата, кои не се согласуваат со ваквите ставови, а во парламентот е невозможно да се донесе таков став бидејќи постои опасност јавноста да го растури и парламентот и владата, а оние партии кои тоа би се обиделе, дефинитивно би пропаднале на изборите.

– Доминира вистинскиот став на јавноста за окупацијата на Македонија од страна на фашистичката бугарска армија и државна администрација и за востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор заедно со југословенските народи во борбата против доминацијата на Хитлер, а слуга на Хитлер беше бугарскиот фашистички окупатор во Македонија. Во тој период се пролеа премногу крв и беа извршени премногу злосторства. Македонскиот народ не може само да ги проголта овие лаги, смета Андов.

Сепак, продолжува тој, Заев даваше разни изјави и тие негови изјави дојдоа како резултат на природата на преговорите во оваа фаза.

– Всушност, земјата кандидат во оваа фаза нема право да каже какви се нејзините ставови. Се одвиваше добро до крајот на септември и почетокот на октомври. Потоа дојде таканаречениот меморандум на Бугарија. Сè е прекроено во тој Меморандум, има многу лаги и глупости. Идејата за одвојување на македонскиот од бугарскиот народ од страна на Југославија е исто така лага, бидејќи ставовите на Југославија ги градеа сите југословенски народи, вклучително и македонскиот. Напротив, сегашната политика на бугарската влада грубо ги разделува македонскиот и бугарскиот народ и ги спротивставува едни со други,додава тој.

Слични содржини