Андреевски: Tаткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ

од Vladimir Zorba
214 прегледи

„Во вторникот до СДСМ е доставен материјал од професор на машинскиот факултет на кој се гледа дека доцент Мицкоски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ. Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. ( во прилог се сумите: 105.020 ; 38.232 ; 32.400 ; 207. 680 денари.)“, велат денеска од СДСМ.

„Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицкоски – клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ“, посочува тој.

Слични содржини