Предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски се уште не стигнал до Советот на јавни обвинители, изјави денеска претседателот на Советот Петар Аневски.

Тој рече дека Советот на барањето ќе одговори во предвидениот рок од 15 дена, а на новинарско прашање за оценка на работата Зврлевски истакна дека тој перфектно ја извршувал функцијата и оти нема никаква забелешка од неговата работа.
На седницата присуствуваше Зврлевски, а на неа бил разгледуван извештајот за работата на Обвинителството на организиран криминал за обвинителите на кои им престанал мандатот, а биле прераспоредени во тоа Обвинителство.
За работата на Зврлевски за кого владата иницираше постапка за разрешување.