Ангелов: 26-ти март да биде прогласен за Ден на македонските бранители

од Nikola Popovski

Претседателот на здружението на бранители Достоинство, Стојанче Ангелов предлага 26-ти март да биде прогласен како Ден на македонските бранители и да се одбележува со собири секоја година во интерес на мирот и соживотот во земјава. Овој ден е значаен поради тоа што местото тетовско Кале на 14 март 2001 беше ослободено од припадниците на Ослободителната народна армија (ОНА).

„Токму овој ден, кога е издвојувана првата голема воена победа од страна на македонските безбедносни сили, предлагаме да биде прогласен за Ден на македонските бранители. Досега одбележувавме само денови на кои што се загинати македонски бранители, затоа сакаме во иднина поголемо внимание да им посветиме на некои од нашите големи воени победи“, изјави Ангелов.

Ангелов апелира и до организаторите на евентуални идни протести заради осудителните пресуди за обвинетите во предметот Монструм, да нема воинствена реторика на меѓуетнички план и да не дозволат инфилтрација на некогашни структури на УЧК кои имаат други цели – насочени против стабилноста и соживотот.

Слични содржини