Ангелов: Армијата ќе го одржува редот во здравствените објекти, нема да биде вооружена

од Берта Китинска

„Армијата ќе го одржува редот во здравствените објекти, онаму кадешто ќе побара министерството за здравство, или на други стратешки објекти од областа на здравството, или одредени магацини каде што би имало здравствена опрема, изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи.

Тој напомена дека припадниците на армијата нема да бидат вооружени, и дека ќе им помагаат на граѓаните за да не се создаваат непотребни гужви или  хаотична состојба.

„МВР треба да определи дали, колку и какво обезбедување ќе добие Министерството за здравство. Службите на МВР ќе определат на кој објект колку точки ќе се обезбедуваат, дали и кои точки ќе се обезбедуваат само во прва смена, но повеќето од нив треба да се покриваат 24 часа зашто најголемиот дел се меставо каде се лекуваатболни од КОВИД. Откако ќе биде определн бројот на точки кои треба да се обезбедуваат, треба да се определи и бројот на припадници на полицијата кои ќе ги покријат тие точки“, вели Ангелов.

Слични содржини