Ангелов: Без паника, пет хеликоптери ќе го гаснат пожарот во пехчевско

од Nikola Popovski

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност.

„Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност“, посочува директорот на ЦУК, во изјава за ТВ Сител.

Слични содржини