Не можеме да напредуваме како држава ако не сме доволно поврзани со сите наши соседни земји, смета амбасадорot на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов. Тој го изрази ова мислење за време на отворањето на конференцијата, по повод проектот „Европа на Балканот: Заедничка иднина“, во организација на „БТА“.
Според Ангелов, пругата Софија-Скопје е драстичен пример за немањето доволно поврзување на Балканот. Според него, ако кохезионите фондови полесно се апсорбираат за проекти меѓу земјите-членки на ЕУ, многу потешко е да се најдат средства за поврзување со земјите од Западен Балкан.
„Во таа насока, во 2018 година, за време на нашето претседавање со ЕУ, главен приоритет беше Западен Балкан. Успеавме да го свртиме центарот на вниманието на Брисел кон проблемите на Западен Балкан. Дали успеавме да го задржиме, не сум многу убеден. но ние ќе продолжиме со нашите обиди тоа да се направи“, рече Ангелов.
Тој се наврати во 2018 година, кога на Берлинскиот процес Бугарија се инсистирале и биле најдени средства за почеток на изградбата на пругата Софија-Скопје.
„Од нашата страна на границата модернизацијата на железницата е поставена во повеќегодишната финансиска рамка. Значи, без кохезионите фондови, поврзувањето и конвергенцијата се невозможни, затоа е толку важен примерот со железницата“, заклучи Ангелов.