Ангелов: Денот после изборите сонцето пак ќе изгрее, централната власт пак ќе ја има СДСМ

од Nikola Popovski
395 прегледи

Во период кога СДСМ и коалицијата го има претседателот на државата и централната власт и голем дел од општините, логично е партијата да е во предност, бидејќи самата власт нуди одредени можности, кои опозицијата ги нема, вели директорот на ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Тој е убеден дека СДСМ и опозицијата ќе однесат победа и дека се фаворити.

-Денот после изборите сонцето пак ќе изгрее, Македонија пак ќе продолжи да живее, централната власт пак ќе биде во рацете на СДСМ, владата повторно ќе ги помага општините и животот ќе продолжи понатаму. Мислам дека овие избори не се „да се биде или не“, како што вика опозицијата, посочува Ангелов, додавајќи дека во нашата држава пред изборите сите се напнати.

Слични содржини