Ангелов: ЕУ ни должи многу поради промената на името

од Nikola Popovski

„Пред неколку години ние бевме понаред од Албанија и се лутевме затоа што бевме во ист кош со Албанија на патот кон ЕУ, затоа што сметавме дека не кочат во процесот на пристапување“, вели директорот на ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Според него, ние поради ветото на Бугарија сега ја кочиме Албанија.

„Треба да продолжат преговорите со Бугарија, но не по цена на идентитетот и јазикот, како што во неколку наврати рече и премиерот. Сметам дека ЕУ ни должи многу, особено со промената на името која беше „горчлива таблета“, затоа што сите мислевме дека ќе влеземе во европското семејство“, рече Ангелов за емисијата „Само вистина“.

Слични содржини