Денеска, во рамки на општествените активности на Центарот за управување со кризи, в.д.директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, оствари продуктивна и позитивна средба со првиот човек – Претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје, соопштуваат од ЦУК, додавајќи дека заедничка осуда на радикализмот и национализмот, како и на неодамнешното скандирање „УЧК УЧК” и „голема Албанија“ е нешто околу што се согласиле првите луѓе на двете институции.
„Притоа, искажуваќи големо признание на Реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Ангелов изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот Државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат“, соопштија од ЦУК.
Според нив, главни активности ќе бидат: