Ангелов порачува ДУИ да не прави проблеми – ќе ја напушти коалицијата доколку Владата не одговори на барањето на бранителите

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Ниедна мајка не сака да земе пари за смрт на свое дете, но ние како држава сме должни да им помогнеме на другите деца и семејствата на загинатите бранители, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и лидер на Достоинство во СТУДИО 10.

Ангелов вели дека си стои на зборот дека ќе ја напушти владината коалиција доколку Владата не одговори на барањето на бранителите, но, вели Ангелов, свесен е дека со излегувањето од коалицијата нема да се случи ни политички земјотрес ни каква било конкретна реакција, но бранителите ќе загубат можност да се изборат за она што им следува.

– Ние како Достоинство не можеме да се согласиме еднаков третман да имаат бранителите и оние кои ја нападнаа нашата татковина. Верувам дека треба да им се помогне на децата на загинатите од УЧК, но тоа треба да го направат нивните невладини организации, а на бранителите мора да им помогне државата, вели Ангелов.

Додаде дека не е проблем онаа мала сума што треба да им се исплати на ранетите и семејствата на загинатите колку што е проблем ДУИ.

-Сметам дека ДУИ како наследник на УЧК не би требало да прави проблем за тоа, истакна Ангелов.

Слични содржини