Ангелов преку емисија му порача на СДСМ дека ја напушта коалицијата

од Nikola Popovski
284 прегледи

Лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска најави дека неговата партија нема да биде дел од коалицијата на СДСМ која ќе настапи заедно на претстојните избори.

-Се приклучивме кон СДСМ со чиста мисла и идеја, постоеше добро расположение да се решат проблемите, но не успеавме. Сега ќе видиме дали ќе успееме со ВМРО-ДПМНЕ да постигнеме договор за барањата со необесштетените семејства на загинати бранители и воени инвалиди, но и измена на постоечкиот Закон за бранители, рече Ангелов.

Тој истакна дека ова се уште не го кажал на раководството на СДСМ, туку за првпат се произнесува на емисија.

-Најверојатно ѝ се зафатени. Мене ме побараа пред неколку дена во 11 часот за да седнеме на коалициска средба, за во 12 часот да сум отишол, но го сфатив како неодговорно и како шега, па оттаму не отидов на средбата. Во СДСМ имам многу пријатели, генерално немам проблем со ниту еден член на раководството на партијата или Владата, иако партијата како носечка на коалицијата, не го испорача она што го баравме. Не се работи за лични нетрпеливости, додаде Ангелов во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини