Ангелов: Претседателот Пендаровски постхумно да одликува тројца генерали од конфликтот во 2001 година

од Nikola Popovski

„Поднесовме иницијатива до претседателот на државата, Стево Пендаровски, постхумно да одликува тројца починати армиски и полициски генерали кои учествувале во конфликтот во 2001 година“, изјави денес претседателот на Достоинство, поранешниот генерал Стојанче Ангелов.

Според него, станува збор за постхумно одликување со “Орден за воени заслуги“ на армиските генерали Панде Петровски и Јосип Бошевски како и на полицискиот генерал Ристо Галевски поради покажани извонредни успеси во организирањето и командувањето со безбедносните сили, успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката како и изградба и јакнење на нејзината одбранбена способност во текот на вооружените дејствија во 2001 година.

Слични содржини