Ангелов уверува дека воздухот во тетовско не е загаден по пожарот во магацинот

од Nikola Popovski
312 прегледи

По ставањето под контрола на пожарот во магацинот за бои и лакови во тетовско Фалише, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека количината на хемиските средства била неколку тони помала од првичните сознанија. Вели дека вчерашната паника што се создаде е непотребна, иако вели изгоре одредена количина.

-Од вчера до денес врне слаб дожд, а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување. Немаме загадување. Оние мерки што беа превентивно испратени, веќе не важат и граѓаните можат да бидат спокојни, кажа Ангелов од самото место каде што беснееше пожарот.

Дополнително ќе се извршат испитувања на почвата, за да се утврди и дали и колкава е штетата од чадот што завршува во почвата.

Слични содржини