Ангелов за хуманитарната помош на Заев: Да го повикаме следната пратка да биде во земјава

од Nikola Popovski

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја поздрави испратената помош за Украина, од страна на фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Во Украина беснее војна, таму има многу гладни луѓе. Се сложувам дека таква помош е потребна и во Македонија. Но еве, не гледам причина да го повикаме поранешниот премиер, следната пратка да ја направи во земјава, рече Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“, како одговор на прашање од водителите.

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево објави дека преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испратени се 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

-Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, информира Заев на својот Фејсбук профил.

Врховната Рада на Украина (Парламентот) на социјалните мрежи изрази благодарност до фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев за хуманитарната помош што ја испрати во оваа земја.

Слични содржини