Ангелов за пописот: Да не се најдеме во ситуација преку бојкот да го загрозиме, тоа што во 2001 го браневме со оружје

од Nikola Popovski

Лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска ги повика Македонците и сите граѓани масовно да се регистрираат на пописот и да не дозволат, како што рече, „тоа што беше брането во 2001 година со оружје, преку бојкот на статистичката операција да биде загрозено“.

„Пописот е статистичка операција, но во нашата држава има и друга димензија. Ние како држава треба да се трудиме како граѓани без разлика во колкав процент ги има во нашата држава да ги уживаат сите права. Но повикувањето на бојкот за пописот навистина може да предизвика далекусежни штетни последици во нашата држава. Опасноста од Ковид не е оправдување за повикување на бојкот затоа што ќе бидат почитувани сите протоколи за борбата со Ковид. Така што особено дијаспората која што треба да се попише од дома нема никаков оправдување. Да не се најдеме во ситуација она што во 2001 го браневме со оружје, дел од тоа да биде загрозено со една обична статистичка операција“, рече Ангелов.

Слични содржини