Ангелов за пожарите: Можно прогласување кризна состојба на дел или на целата територија од државата

од Nikola Popovski

„Во попладневните часови во првиот момент кога температураа на воздухот падна за неколку степени, командантот на воздухопловниот винг повторно го крена хеликоптерот и истиот беше упатен кон Старо Нагоричане, каде што беа зафатени неколку куќи и имаше опасност од жртви“, изјави синоќа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, во меѓувреме се појавил пожарот во Кочани, кој што бил далеку од куќите во првиот момент.

„Едноставно немаше време хеликоптерот од Старо Нагоричане да дојде во Кочани бидејќи немаше доволно гориво. Денес во 9:00 закажав седница на групата за проценка каде ќе ја разгледаме сериозноста на ситуацијата и доколку е потребно ќе предложиме прогласување на кризна состојба на дел од територијата или на целата територија од државата“, рече доцна синоќа Ангелов.

Слични содржини