Ангелова: Во 2025 ќе има ново големо покачување на платите на УКИМ

од Nikola Popovski
246 прегледи

Платите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ сега на солидно ниво, но се уште има простор за нивно покачување, изјави во гостување на програмата на Слободен печат, ректорката на Универзитетот, Билјана Ангелова.

„Порано платите на судиите и професорите на универзитетите биле изедначени, сега не е така. Но, треба да знаеме ова последното покачување на платите е првата фаза од реализација на Колективниот договор. Втората фаза е веќе во 2025 година, кога ние ќе добиеме уште едно покачување од 50% бруто, тоа некаде доаѓа 35% покачување кај редовните професори и тогаш ќе можеме да кажеме дека сме на задоволително ниво“ истакна Ангелова.

Таа посочи дека последното покачување на платите на УКИМ е едно од најголемите покачувања досега имајќи предвид дека тие во изминатите десеттина години симболично се покачувале по пет или по седум отсто.

Слични содржини