Да се биде жена со амбиција за успех значи да се биде постојано подготвена за борба со предрасудите, за докажување на компетенциите, за покажување што знаеш и умееш, за резултати, за компромис, за балансирање, за грижа… Да се биде жена во денешниот дигитален свет е предност, а не аномалија. Полесно е да се надминат ниските очекувања, отколку високите, пишува во својот Фејсбук статус поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска.
-Секогаш ќе постојат предизвици и ништо добро не доаѓа лесно, но тие не прават посилни, попаметни, адаптибилни и поподготвени за сите идни предизвици. За да го направиме светот подобро и попаметно пoст-COVID место, потребно е жените да го дадат својот придонес – потребни ни се повеќе жени во технологија, жени претприемачи, жени на високи позиции.. повеќе жени кои ќе ги трансформираат и менуваат работите, пишува Ангеловска.