Ангеловска: Исплатен највисок поврат на ДДВ кон фирмите во последните години

од Vladimir Zorba

„Во првото полугодие од 2020, и покрај Ковид-19 кризата, исплатен највисок поврат на ДДВ кон фирмите во последните години. За шест месеци е извршен поврат од над 206 милиони евра“, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ова е од големо значење за задржување на ливидноста на стопанството, а со тоа и поттикнување и поддршка на економската активност, посочува таа.

Инаку за цела мината 2019 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 402 милиони евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година, или дури 44% повеќе во однос на 2016 година.

Слични содржини