Ангеловска ја честиташе Новата 2020 година: Тргнете од себе и тоа уште денес

од Aleksandar Todeski

Министерката за финансии, Нина Ангеловска од врвот на планината Водно преку видео порака ја честиташе Новата 2020 година на граѓаните.

„Покрај искрени честитки за здравје и среќа, една порака која сакам да ви ја пренесам е во 2020 година да се фокусирате на најтешките работи. Тешко е да се менуваме, но длабоко во себе знаеме дека не е доволно само да посакуваме. Најтешките работи се и најважните работи. Затоа ви посакувам да тргнете од себе, да почнете уште денес и тоа од најтешките работи. Ви посакувам паметна, мудра и позитивна 2020-та година“, рече Ангеловска.

https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/videos/309114919965683/

Слични содржини