Актуелно
Почетна / Бизнис / Ангеловска за „SamPotolicchio“: Колку ќе бидеме посилни, попаметни и подобри по ковид-кирзата ќе зависи од владата и од сите нас

Ангеловска за „SamPotolicchio“: Колку ќе бидеме посилни, попаметни и подобри по ковид-кирзата ќе зависи од владата и од сите нас

Министерката за финансии, Нина Ангеловска во интервју за Сем Потоличио – еден од најдобрите американски професори според „Princeton Review“, одговори на неколку клучни прашања за справувањето земјата во време на пандемијата.

На прашањето кои чекори беа превземени за справување со кризата Ангеловска  објасни дека беа воведени три групи на целни мерки кои беа внимателно дизајнирани за секоја од развојните фази.

– Нашиот одговор беше брз, временски ограничен и со јасни цели и очекувани исходи за секоја од мерките прилагодени на нашата мала и отворена економија. Ова е глобална криза со непозната траекторија и секоја земја делува локално со оглед на својот фискален простор и ресурси – обидувајќи се да ги прилагоди своите едра, бидејќи не можеме да го промениме или предвидуваме ветерот, изјави министерката.

Таа додаде дека беа воведени три групи на мерки кои беа дизајнирани внимателно за секоја од развојните фази.

-Мерките вклучуваат даночни одложувања, субвенции за плати за заштита на работните места и ликвидност, заеми без камати за ММСП, финансиска поддршка на погодените и најранливите групи на граѓани за стимулирање на приватната потрошувачка, финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста и продуктивноста и некои други меки мерки.Првиот пакет беше дизајниран за најпогодените сектори – транспорт, туризам и угостителство, како и други компании погодени од рестриктивните мерки што Владата ги воведе за да се спречи ширењето на вирусот. Вториот пакет мерки беше поширок, со цел да се заштитат работни места и да се заштити ликвидноста на сите компании што забележаа пад на приходите од повеќе од 30%. Третиот сет беше дизајниран за фазата на опоравување, со цел да се стимулира побрзо закрепнување бидејќи започнавме да ги отстрануваме строгите мерки за социјално ограничување и економската активност започна да се враќа. Во овој сет, имавме мерки групирани во два клучни столба: првиот е финансиска помош на насочени групи на граѓани за стимулирање на приватната потрошувачка и вториот е финансиска помош на приватниот сектор за зголемување на конкурентноста, стимулирање на инвестиции и побрза адаптација и трансформација кон нови технологии,вели Ангеловска.

Таа додаде дека секоја криза носи третман и претставува можност.

-Колку ќе бидеме посилни, попаметни и подобри по ковид-кирзата ќе зависи од владата и од сите нас – колку сме прилагодливи, што правиме денес и како го правиме тоа. Ковид -19 навистина ја става дигиталната трансформација во 5-та брзина, вели Ангеловска.

loading...