Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба,изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски во интервју за „Слободен Печат“.
-За ова владата донесе уредба со законска сила и таа важи. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16 часот.Проблемите со обрасците за пасоши се надминати и секој граѓанин може да аплицира и тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на МВР. За сите овие документи за кои прашувате Владата на РСМ донесе уредба со која го продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата. Значи тие документи се валидни и граѓаните немаат потреба да вадат нови додека трае вонредната состојба. По завршувањето на вонредната состојба граѓаните на кои им истекла важноста на документот ќе имаат 30 дена рок за да извадат нов документ – кажа Ангеловски.