Ангеловски: Кај мене не важи „важно е да се учествува“ на Европско, целта е да се помине групата

од Nikola Popovski
394 прегледи

„Како да не бидете подготвени за нешто што сте го чекале 30 години, што генерации фудбалери и селектори со години го чекале, а ние сме на само 5 дена од Европско првенство“, вели селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски во вклучување во емисијата „Студио 10“.

Според него, целта е да се помине групата.

-Тоа „важно е да се учествува“ кај мене одамна не важи. Гледам ние сме ставени како последни фаворити, и Финска е пред нас, ама ако. Само нека не потценуваат, тоа нас ни одговара“, додава Ангеловски.

За ситуацијата со Барди, селекторот вели дека тој е супер, вчера без проблеми го одработил тренингот и се чувствува одлично.

Слични содржини