Ангеловски: Отворена е нова група како „Јавна соба“, МВР работи на детектирање на членовите

од Берта Китинска
328 прегледи

Отворена е нова група како „Јавна соба“, а МВР веќе работи на детектирање на членовите и од оваа група. Се работи за нова група во која е направен трансфер на членови од претходната, но имаме група и со членови од Србија, вели  портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“.

-Полицијата во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за документирање на овие случаи по што ќе следат соодветни пријави.Доколку некој споделувал порнографска содржина или содржина со малолетници, ќе се постапува соодветно и кривичното дело ќе биде посочено. Не се сите членови со исти кривични дела“, вели Ангеловски.

Слични содржини