Ангеловски: Пасоши ќе добијат сите, нема потреба од турканици

од Берта Китинска
270 прегледи

Апелирам до граѓаните да не наседнуваат на дезинформациите дека нема пасоши. Пасоши има за сите, пасоши ќе добијат сите.Токму поради тие дезинформации, најголем број на луѓето се упатија во утринските часови, вели во Утрински брифинг портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој посочи дека МВР  мора да го надгради софтверот и да почне да издава пасоши со Репуиблика Северна Македонија кое според законот треба да се спроведе од 1 јули.

– Оние граѓани кои во четвртокот и петокот имаат термин, тие можат да дојдат во било кое време, било кој ден и ќе ја добијат својата услуга. Нема потреба од турканици, слободно дојдете, службите работат и попладне и навечер. Лагата која ја пласираат одредени опозициски медиуми и политичари е неточна, вели Ангеловски и додава дека проблемот со недостаток на регистарски таблички е надминат.

Ангеловски ја искористи приликата и да апелира возачите овој период особено да внимаваат, бидејќи, според статитстиките, јули и август се месеци во годината кога заради топлото време бројот на насреќи во сообраќајот е зголемен.

Слични содржини