Ангеловски по сензацијата во Германија: Ова се моите херои, со нив ќе одам на ЕУРО 2021

од Nikola Popovski
420 прегледи

„Овие момци уште еднаш ја направија горда цела Македонија. Го победивме четирикратниот светски шампион, кој веќе 20 години не е поразен во квалификациите за СП! Кој ќе ја урне традицијата ако не овие наши спортски херои. Радувај се, Македонијо и слави ги овие херои “, беше еуфоричен селекторот Игор Ангеловски по триумфот на нашата фудбалска репрезентација среде Германија со 2-1.

По три кола, Македонија има шест бода и во најмала рака ја истакна својата кандидатура за висок пласман, барем за второто место што гарантира бараж. Ситуацијата е комплицирана поради максималните девет бода на Ерменија, но сепак има уште многу за играње до крајот на квалификациите.

„Капитенот Горан Пандев рече дека чуда во фудбалот се можни, а ние постигнавме едно на теренот. Ги поздравувам и луѓето кои не критикуваа, не попречуваа, кои не веруваа во нас – ова е и нивна победа. Нема да има промени во овој тим, тие се мои херои и со нив ќе одам на Европското првенство. Сега сите ќе не сфаќаат многу посериозно“, истакнал Ангеловски по натпреварот.

Тој не ја пропушти можноста да посочи кон што ќе се стремат неговите пулени на претстојното Европско првенство.

„Целта е да се помине групата на ЕУРО 2021. Овие момци можат да го направат тоа. Но, сега треба малку да се спуштиме на земја. Се вклучивме во борбата за Светското првенство и тоа е најважно во моментов “, заклучил селекторот.

Слични содржини