Ангеловски: Со новите мобилни камери, нема можност да се „скине“ казна

од Nikola Popovski

„Нема можност да се „скине“ казна, затоа што целиот настан се документира. Ние дополнително воведовме мобилни камери, благодарение на Американската амбасада, кои што ги носат полициските службеници во сообраќајната полиција“, изјави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР, за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, така целиот разговор со сопрениот возач се снима и оди во базата во МВР, каде стои документиран.

„Не може никој да влијае да се скине казната“, вели Ангеловски, додавајќи дека за време на продолжениот викенд биле изречени над 1800 санкции, а голем дел од овие санкции се за возење од дури над 70 км/ч над дозволеното.

Слични содржини