327
„Не можам да говорам во име на Горан (Пандев), туку само ќе кажам дека кога таква величина говори за фудбалот, сите останати треба да молчат и да слушаат, затоа што во сите држави, кога некоја легенда ќе каже дека некои работи треба да се движат во таква или онаква насока, тоа веднаш се применува“, изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, во гостување на Телма ТВ, говорејќи за ситуацијата во и околу ФФМ и А-репрезентацијата.
Според него, Пандев има право да си го каже своето мислење, поради сите успеси што ги направил за мак-фудбалот.
„Она што го гледате во репрезентацијата, не може да се одглуми, радоста, сплотеноста, така ние живееме, се додека сум јас тука со нив“, вели Ангеловски.