АНГО ДООЕЛ Скопје со демант до Богдановиќ во врска со катната гаража кај Собрание

од Nikola Popovski
167 прегледи

Друштво за трговија,производство и услуги АНГО ДООЕЛ увоз-извоз Скопје го демантира тврдењето на поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ објавено на социјалните мрежи, околу планираната изградба на катната гаража кај Собранието.

„Барање за објавување демант на вашиот интернет портал Локално. На ден 07.09.2024 година објавени се изјавите на лицето Саша Богдановиќ за катната гаража кај Собрание.

Врз основа на член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во целост ги демантираме наводите од изјавите на лицето Саша Богдановиќ објавени на ЛОКАЛНО како невистините и целосно измислени, а овој демант бараме согласно ст.3 од цитираниот член да биде објавен во целост на истото место (време) и обем како и објавената информација.

Невистините и измислени е наводите дека Инвеститорот воопшто немал започнато градба на парцелата во рок од две години од кога ја добил правосилноста, дека тоа е потврдено од записник на градежен инспекторат, со писмо од страна на Бирото за судско вештачење, како и останати наводи изнесени на ЛОКАЛНО.МК дека биле пропуштени роковите за градба всушност се невистинити изјави.

По завршениот судски процес и донесена одлука од страна на судот 2021 година (достапна на официјалниот сајт) пресудено е во корист на Друштвото АНГО ДООЕЛ Скопје и овозможено му е да продолжи со изградба на катната гаража, согласно Деталниот урбанистички план за конкретната локација.

Друштвото поседува правосилно одобрение за градење, а сите изјави на ЛОКАЛНО.МК се невистинити дадени исклучиво да се наштети на угледот на правното лице.

Врз основа на тоа, против Саша Богдановиќ ќе поднесеме тужба за утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета“, стои во барањето за демант на АНГО ДООЕЛ Скопје.

Претходно поранешниот прв човек на општина Центар на својот Фејсбук профил објави дека „поништувањето на одобрението за градење е во целост донесено согласно законот за градење и законот за инспекциски работи“.

Слични содржини