Анѓушев донира болнички кревети и медицински мебел за болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје

од Берта Китинска
276 прегледи

Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје денеска информира дека добила донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија.

-Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со новонастанатата состојба со Ковид 19, а со цел транспарентно и отчетно работење во периодот на вонредна состојба ја информира јавноста дека е потврдена донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија, кој веднаш ќе биде ставено во функција за зголемување на капацитетот на клиниката и нејзино ефективно работење, се вели во соопштението од болницата.

Станува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не беше соодветно опремен.

-Упатувам благодарност за надчовечките напори до колегите кои се справуваат со пандемијата. Во исто време сакам да се заблагодарам и за потврдената донација со која ќе се опреми еден од трите ката кои воопшто немаат опрема. Веруваме дека ќе има и останати лица и компании што ќе се во можност во овие тешки времиња да помогнат со заеднички сили да се избориме против коронавирусот и сите да излеземе победници, изјави д-р Љубен Арсенков директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ ќе ја информира јавноста за сите донации кои ќе бидат обезбедени со кои би се зголемил капацитетот на клиниката.

Слични содржини