Анима Мунди: Македонија – последниот круг на пеколот за животните!

од Vladimir Zorba

Почитувани новинари, полиција заштити психопат, садист, деликвент кои со денови измачува коњ, го изгладнува, чека да умре во дворот на OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, како потоа со него би нахранил кучиња чувани за борби, кои исти така ги чува во дворот на училиштето. Насилникот има уште еден коњ кому ќе му дојде редот после.

11896193_970890552967183_1537410614419199912_n

Иако граѓани реагирале, иако е обезбедено возило за транспорт на коњот и му е дадена инфузија по што се исправил, собрал малку сила; иако реагирала и новинарката Ј. Ивановска и лично отишла на самото место; иако е повикана полиција за да се одземе и спаси немоќното животно; иако нашиот адвокат разговараше со полицијата и ги информираше дека ова лице злоупотребува животни, учествува во борби со кучиња и во моментот но и претходно го крши кривичниот закон, полицијата го заштити оној кој овој коњ денес ќе го заколе, и кој егзистира пред нивни очи од борби со кучиња!

Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста – Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

Се обраќаме јавно до градоначалникот Сокол Митровски да постапи, реагира, го спаси коњот и ни го предаде; се обраќаме на Агенција за храна и ветерина, директорот Зоран Поповски да веднаш постапат и ги спасат животните во OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” каде се случува хорор пред очи на граѓаните – иако согласно закон ваков садист требал да биде зад решетки одамна, полицијата не постапува, животните се мачат и убиваат и ниту еден нормален човек не може да стори ништо, се вели во соопштението на здружението за заштита на животните Анима Мунди.

Слични содржини