Актерката Џенифер Анистон, позната по нејзината улога во серијата „Пријатели“, се појави во јавнонст во понеделникот, и не изгледаше најдобро.
Таа имаше сериозен израз на лицето кога излезе од Кинескиот театар во Холивуд, каде што даваше поддршка на нејзиниот добар пријател Џејсон Бетман и неговиот нов филм „Game Night“.
Во автомобил со затемнето стакло влезе набрзина, опкружена со пријатели и телехранители, не сакаше да гледа кон фотографите, и главно гледаше во подот.
Се појавија тврдења во последниве денови дека Анистон и Теру имале проблеми поради непремостливи разлики, од фактот дека актерот му пречи ненадејната слава, која пред бракот со Анистон ја немал, но и на фактот дека тие не можеле да се усогласат со начинот на живот, или дали сакаат да имаат деца.
Извори блиски на парот за E! News изјавија дека Анистон не сакала развод, но на крајот двојката сфатила дека проблемите се нерешливи, па тие се одлучија за него.
Актерката слободните моменти ги поминува исклучиво опкружена со најблиските, избегнува јавни настани, бидејќи знае дека сите чекаат реакција на разводот, а неодамна беше видена само за време на тренинг во раните утрински часови.
Се верува дека Анистон на нејзино име ја задржала вилата во Л.A. во вредност од 21 милиони долари, а Теру ќе живее во стан во Њујорк, што го купил во 2000 година, а во 2015 година го реновирал и има инвестирано речиси еден милион долари.