Анкара размислува да купи руски ловци Су-57

од Vladimir Zorba

Турција би можела да размисли за купување руски борбени авиони Су-57 доколку американскиот Конгрес не и дозволи на Анкара да купи американски повеќенаменски ловци Ф-16.

Во написот објавен денеска во истанбулскиот дневен весник „Милиет“, близок до турските власти, се наведува дека Анкара побарала од Вашингтон да одобри продажба на 40 млазни авиони, повеќенаменски Ф-16 Блок 70 и 80 и 70 комплети опрема за надградба на основната верзија на ловците Ф-16, кои веќе беа во употреба во турските воздухопловни сили, пренесе ТАСС.

Доколку барањето не биде одобрено, Анкара ќе бара алтернативни решенија, вклучително и купување на руски воени авиони Су-57.

Слични содржини