Анкета: 64 проценти од Американците „се наклонети кон демонстрантите“

од Nikola Popovski

Повеќетото Американци ги поддржуваат протестите низ целата земја поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и не ја одобруваат реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп за немирите, покажа во средата спроведената анкета од Ројтерс и Ипсос.

Според анкетата спроведена во понеделникот и вторникот, 64 проценти од возрасните Американци се „наклонети кон демонстрантите“, а 27 проценти не ги поддржуваат.

Протестите траат веќе една недела, а еруптираа после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задушен од полицаецот Дерек Човин.

Мнозинството, повеќе од 55% од Американците не го одобруваат одговорот на американскиот претседател на протестите, вклучувајќи 40% од нив кои „силно“ не го прифаќаат.

Посебната анкета на Ројтерс и Ипсос покажува дека предноста на Цо Бајден во однос на Доналд Трамп е 10 проценти, најмногу откако Бајден билизбран за демократски кандидат на претседателските избори на почетокот на април.

Републиканскиот претседател се закани дека ќе ја распореди американската војска за да ги запре протестите, а Бајден во вторникот го обвини за „претворање на земјата во бојно поле, поделена со старите непријателства и нови стравови“.

На изборите на 3 ноември 47 проценти од гласачите планираат да гласаат за Бајден, наспроти 37 проценти кои го поддржуваат Трамп.

Американците се поделени во врска со полициската акција. Според анкетата, 43% од нив веруваат дека полицијата прави добра работа, а 47% од нив не се согласуваат со тоа.

Истражувањето опфатило 1.004 Американци, а нивните одговори биле собрани на Интернет. Мерката на прецизност е плус / минус четири процентни поени.

Слични содржини