Анкета: Докторите и медицинскиот персонал, приоритет за зголемување на платите

од Ивана Рамаданова
243 прегледи

Кога станува збор за зголемување на платите во јавниот сектор, граѓаните сметаат дека приоритет треба да бидат докторите и медицинскиот персонал.

Според анкетата на Детектор, околу 39 проценти од анкетираните рекле дека здравството треба да биде приоритет кога се зголемуваат платите во јавниот сектор. 19,4 проценти се определиле за образованието, 6,8 проценти за јавната администрација, 3,7 процентиза полицијата. Само 3,1 посто од граѓаните како приоритет ја ставаат војската, а 2,4 шроценти сметаат дека тоа треба да биде  правосудството.

Од анкетираните 13,9 проценти сметаат дека никој не треба да добие поголема плата.

Речиси 60 проценти од граѓаните се согласуваат и на зголемување на пензиите додека 25,6 проценти се против.

 

 

Слични содржини