Анкета: Граѓаните на Србија 20 пати повеќе ја сакаат Русија отколку Црна Гора

од Vladimir Zorba
143 прегледи

– Според анкета на истражувачко-издавачкиот центар „Демостат“, четириесет и еден отсто испитаници сметраат дека Русија е најголем пријател на Србија.

Но, кога се работи за „џебот“, за тоа каде анкетираните сакаат да живеат и работат и која држава би ја препорачале за своите деца – доминантен одговор е Германија. Таа држава ја избрале 16 отсто анкетирани, а „најсаканата“ Русија – само три отсто испитаници.

Кога станува збор за соседите и спрема Русија, граѓаните на Србија дури 20 пати повеќе ја сакаат Русија отколку Црна Гора.

Само два отсто анкетирани ја означиле Црна Гора како држава најголем пријател на Србија колку што добила и Германија. Македонија „заработи“ еден отсто повеќе, а САД и Франција еден отсто помалку од Црна Гора.

Сепак, 22 отсто аккетирани одговориле дека „не знаат“ кој е најголем пријател на Србија, а „ниту една држава“ е одговор на 10 отсто анкетирани, јави РСЕ