На телефонска анкета спроведена на репрезентативен примерок од 500 граѓани, во оваа фаза од предизборната кампања најголема поддршка е дадена за коалицијата Можеме во оваа единица предводена од Никола Димитров, 105 испитаници се изјасниле за нив. Втори според изборот на граѓаните, 86 од скопскиот регион се за коалицијата Обнова на Македонија и нивниот носител на листата Гордана Силјановска Давкова. ДУИ со Изет Меџити засега се трети според поддршката на граѓаните со 28 гласа.
Ова се резултатите од анкетата спроведена од „М Проспект“ на барање на еден политички субјект.
Четврт според поддршката од граѓаните е Петар Богојески, носителот на листата во единицата за политичката платформа Македонски концепт. Поддршката за Петар Богојески според одговорите од граѓаните се должи на потребата од промена и реформаторската улога на Македонски концепт.
По Богојески следат и останати партии учесници на Парламентарните избори 2020, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица, Интегра, Глас за Македонија и Демократи.
На прашањето – Дали мислите дека на државата и треба нова политичка опција?, 259 испитаници одговориле потврдно, а 143 дека не е потребна нова политичка опција.
Причините за нова политичка опција и барањата на граѓаните се движат од поголем избор, разочараност од политичките партии, ништо не функционира добро, државата се движи во погрешен правец и потребен е подобар животен стандард.
Настрана од поддршката за кандидатите, 145 се изјасниле дека нема да излезат на гласање, 19 дека ќе го поништат ливчето а 92 одбиле да одговорат.
Во телефонската анкета беа вклучени граѓани по случаен избор а согласност за учество дадоа граѓани од сите етнички групи на возраст од 18 до 65 години.