Новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), објавена денеска, покажува дека мнозинството од испитаниците – 36 проценти рекле дека ниту една политичка партија не е најдобро опремена да постигне раст на економијата, додека според 18 проценти тоа е СДСМ, а 17 проценти – ВМРО-ДПМНЕ, по што следи ДУИ со шест проценти и Беса и Алијанса за Албанците со по три проценти.
Половина од граѓаните рекле дека ниту една партија не е најдобро подготвена да се справи со корупцијата и загадувањето на животната средина. За овие прашња според 12 проценти најдобро подготвена е СДСМ, па што следи ВМРО-ДПМНЕ со 10 и 9 проценти. Повторно ДУИ е најдобро подготвена за 6 проценти, додека Беса и Алијанса за Албанците за по 3 проценти од испитаниците.
На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела се одржат изборите, 17 проценти од гласачите го идентификувале СДСМ, а 16 проценти ВМРО-ДПМНЕ. За ДУИ рекле дека ќе гласаат седум проценти од испитаниците, по што следи Алијанса за Албанците – пет проценти и БЕСА – четири проценти.