Анкета на National Democratic Institute: Граѓаните имаат најмногу доверба во Заев

од Берта Китинска

Американскиот National Democratic Institute денес од Вашингтон ја објави нивната најнова теренска репрезентативна анкета.

Едно од прашањата е  дали имате многу благонаклонето, донекаде благонаклонето, донекаде неблагонаклонето или многу неблагонаклонето мислење за секоја политичка партија?

1. Коалиција МОЖЕМЕ ( СДСМ и БЕСА ) – 24.6 %
2. Коалиција на ВМРО – ДПМНЕ – 19.6 %

Додека пак наклонетост кон партиски лидери исптианиците најмногу гласвои му дале на преседателот на СДСМ, Зоран Заев.

По повод новата анкета на National Democratic Institute Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на својот Фејсбук објави дека  довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте.

-#СДСМ оди напред, со брзи реформи, модернизација, системска работа, примена на нови алатки, методи и концепти, фокус кон младите и сите граѓани, реализација на стратешките цели и напредок на општеството, градење на сигурна, и развиена држава” вели Николовски.

Слични содржини