93
Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама победи на денешните парламентарни избори во Албанија и, според првите излезни анкети, освои 51,8 проценти од гласовите, или парламентарно мнозинство од 79 места од вкупно 140 места.
Според проекцијата на „Албаниан пост“, втора е десничарската опозициска Демократска партија, која доби 38 проценти од гласовите, или 54 места во парламентот.
Гласањето на парламентарните избори во Албанија заврши во 19:00 часот кога беа затворени избирачките места.